Денес, понеделник, 26 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе започнат врнежи од дожд. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, вторник, 27 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 23 степени.