На 26.09.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишно лице од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 пакувања хероин, повеќе различни видови таблети, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.