Press "Enter" to skip to content

“Паљо класик“ боди-билдинг спектакл во Битола, за апсолутниот првак 1.500 евра, вкупно 5.000 евра награди

Се е подготвено за првиот боди-билдинг натпреар “Паљо Класик“ кој е закажан за в сабота во 19 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, кон воедно ќе биде и интернационален турнир во боди-билдинг, кој ќе стане традиционален и секоја есен ќе се одржува во Битола.

Организаторот, Зоран Лазаревски и неговиот фитнес клуб “Паљо“, за натпреварот во градот на билдерите Битола, вели дека покрај тоа што ќе организиран настан за паметење, во однос на квалитетот и организацијата, ова ќе биде и натпревар кој ќе ги има и најголемите парични награди досега во Македонија.

-Никогаш немало вака голем награден фонд, кој ќе биде стимулација за натпреварувачите. Обезбедивме 5.000 евра кои ги распределивме за победниците, а главната награда ќе ја добие апсолутниот првак кој ќе добие 1.500 евра, награда која ја обезбеди болницата “Плодност“. Тука се и останатите спонзори “Кромберг и Шуберт“, Киро Дандаро“, “Таскфорс“…

На натпреварот ќе учествува и светскиот шампион, Мери Акиевска, како и целиот македонски боди-билдинг тим ќе учествува на “Палјо Класик“, а ќе и изненадување. Вон конкуренција само за позирање ќе се појават на бината познати билдери.

Билети по цена од 250 денари веќе се продаваат во фитнес клуб “Паљо“ во Битола, а ќе има штанд и на Широк Сокак.

More from ВестиMore posts in Вести »