Во Битола се одржа вториот по ред „Саем на социјални претпријатија“, во организација на проектот на ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.Социјалните претпријатија кои беа присутни на саемот преку економски активности прават добро за општеството, тие вработуваат маргинализирани групи и го реинвестираат својот профит со цел решавање на одредени општествени проблеми. Граѓаните оваа година се запознаа со работата на повеќе од 11 организации кои пред нив ги презентираа своите услуги и производи.
На саемот се обрати и Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски потенцирајќи ја важната улога која ја има социјалното претприемништво во поврзувањето на граѓанските здруженија, јавни инстуиции, училишта, универзитетите и локалните бизниси во интегрираниот регионален потенцијал за наоѓање нови начини на соработка и решавање на социјалните, општествените и еколошки проблеми со вклучување на тие кои се оставени на страна.
На настанот се обрати и тим лидерката на проектот, Барбара Садовска која изјави дека со оглед на постојните социјални претпријатија и заинтересираноста на посетителите силно верува дека во овој регион ќе има одличен развој на полето на социјалната економија.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2022/10/oficerski-7.jpg?fit=1000%2C631&ssl=1)
Во Битола се одржа вториот саем на социјални претријатија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)