Press "Enter" to skip to content

На Светскиот ден на учителот потпишан меморандум помеѓу Библиотеката и одделенските наставници од Битола

По повод Денот на учителот, 5 Октомври, Здружение на одделенски наставници – УЧИТЕЛ на РСМ и НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола потпишаа Меморандум за соработка со цел заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата, учество, соработка и реализација на заеднички проекти, одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.На настанот се обрати директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“-битола, м-р Бојан Стефановски, кој на присутните наставници и на сите останати им го честита Денот на учителот, 5 октомври, посакувајќи им плодна работа и понуди соработка со библиотеката предвидени во меморандумот.На заедничкото потпишување присуствуваа претседателот на здружението Наташа Тодоровска и дваесеттина наставници од основни училишта од Битола и околината кои се членови на Здружението на одделенски наставници на РСМ.На средбата се дискутираше на тема – Професија над сите професии –УЧИТЕЛ ! Учителите презентираа активности кои ги реализираат со учениците на редовните и часовите за воннаставни активности. Дел од наставниците рецитираа поетски творби посветени на професијата УЧИТЕЛ.

More from ВестиMore posts in Вести »