Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер поразени во Гостивар во првото коло

Гостивар – Пелистер 91:79

Кошаркарите на Пелистер од Битола со пораз на гостувањето во Гостивар од истоимената екипа ја започнаа оваа сезона со резултат 91:79, за разлика од минатата сезона кога без пораз го заврши првиот дел од сезоната.

Мошне ефикасно прво полувреме одиграа двете екипи пред празните трибини во салата „Младост“. Особено тоа се однесува за домашниот тим, кој водеше од првата до последната минута од полувремето. Првата четвртина заврши со резултат 23:17 за Гостивар. Во втората четвртина по 4 минути игра беше 29:24 за Гостивар, а на средина на овој квартал беше 35:24. Гостивар имаше предност и од 14 поени (44:30) во 18. минута, но битолчани со серија од девет поени, се вратија на -5 (44:39). На одмор се отиде со резултат 49:39.  

Во средината на третата четвртина, односно во 27.минута, Гостивар се стекна со уште повисоки +17, 65:48. “Пелистерци“ уште еднаш се симнаа на десет поени негатива 75:65, кога се играше 36. минута, но немаа сили за нешто повеќе.

Во тимот на Пелистер најрфикасен Хаџифејзовиќ кој постигна 22, Карутерс 16, а Мустафица 12 поени.    

More from ВестиMore posts in Вести »