Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведувања за прикажување порнографски материјал и физички напад на полицаец, 69 возачи возеле побрзо

На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишник  од Битола. Тој се сомничи дека, вчера, на 10 октомври, околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 11.10.2022 околу 01.00 часот на ул „Добривоје Радосављевиќ“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (11.10.2022)во времето од 13:00 до 19:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 69 возачи. Од нив 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »