Press "Enter" to skip to content

Медал за заслуги од претседателот Пендаровски доби Виолета Томовска и други 12 дејци од областа на македонската народна музика

Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ја одликува битолчанката Виолета Томовска, со Медал за заслуги за Република Северна Македонија, која во изминативе 60 години сними над 1.000 песни, одржа огромен голем број концерти во земјава и во светот, и издаде плочи со тиражи од над 100.000 примероци. Медал доби и Анка Гиева, која секогаш пеела во живо.Пендаровски постхумно Медал за заслуги за Република Северна Македонија  им додели и на Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски.

Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека одликуваните уметници ги посветија своите животи на промовирање на народното творештво како суштински елемент на македонскиот идентитет. Преку нивниот неповторлив инструментален и вокален талент, рече претседателот Пендаровски, овие врвни народни уметници ја претставија нашата изворна музика пред македонската и светската јавност на маестрален начин.

More from ВестиMore posts in Вести »