Денес, во Битола се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, 11. Октомври, денот кога пред 81 година, нашите претци, борците од НОБ, го означија почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.Нивниот историски придонес е наша обврска за обезбедување напредок на нашата држава и градење подобра иднина за сегашните и идните генерации.
По повод денешниот празник, кај споменикот на споменикот на Револуцијата, пред Центарот за култура, свежо цвеќе положија претставници од општина Битола и делегација од Советот на општината.
По повод 11. Октомври цвеќе положија и претставници од политичките партии.
–На денешен ден во раните утрински часови партизанскиот одред “Прилеп“ го нападна участакот во Прилеп, а претходно ги прекина сите телеграфски врски. Утредента бугарската фашистичка полиција презеде полициски мерки и притворени се повеќе од 1.000 луѓе, лево ориентирани, кои ги осудија и го однесоа во бугарските затвори во Битола и Скопје, истакнуваат од Сојузот на борци од Битола.
Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода, со нашата независност.

Одбележан Денот на народното востание со полање цвеќе на споменикот на Револуцијата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски