Press "Enter" to skip to content

Во Битола 14 активни случаи на ковид-19, денес оздравени 2 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани сe 39 оздравени пациенти од Битола се 2.

До сега во Битола има 17.956 лица кои биле позитивни на ковид-19, а активни се 14 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.

More from ВестиMore posts in Вести »