Oд септември во основните училишта шахот е на листата изборни предмети за прво и второ одделение, а деновиве во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа и предавање на кое беа посочени насоки и инструкции за шахот како изборен предмет за наставниците од основните училишта од Битола насловено “Шах во школи“. Предавањето го одржа Сашко Павловски велемајстор, претседател на шаховски клуб “Стево Патако“ и претседател на Општинскиот сојуз на спортови во Битола.
-Шахот овозможува подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување… Мене ме радува тоа што шахот е изборен предмет кај најмладите кои во иднина ќе бидат членови на шаховските клубови, активни шахисти, велемајстори… На предавањето се зборуваше за насоки и инструкции за изборен предмет шах за наставниците, а секако и за историјата на шахот, за светската федерација… Крајната цел со воведување на шахот како изборен предмет е децата преку шахот да се социјализираат и да ги подобрат интелигентните вештини, рече Павловски.

Во ОУ “Кирил и Методиј“ предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени