НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод месецот на книгата и училишните библиотеки, заедно со учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскало“-Битола реализира неколку работилници за изработка на везени обележувачи за книги.Везењето е техника на нанесување игла со конец на материјал. Оваа техника ни дава можност да бидеме креативни, да ја разбудиме наша фантазија и да твориме без граници. Везењето е техника која за жал изумира, се помалку младите генерации знаат да користат игла и конец за која и да било намена. Целта на овие работилници е да ги оживееме рачните изработки и да ги насочиме младите генерации кон креативноста и занаетите за рачни изработки кои би им дале насока за во иднина.Учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола со своите професорки Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ни покажаа колку може да се направи со везење. Тие изработија прекрасни везени обележувачи за книги со најразлични дезени. Сечење, везење, декорирање, шиење и пеглање се постапки кои учениците ги користеа за изработка на обележувачи на книги.
Библиотеката и текстилната насока од “Таки Даскало“ со работилници за месецот на книгата, изработија везени одбележувачи за книги
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска