НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод месецот на книгата и училишните библиотеки, заедно со учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскало“-Битола реализира неколку работилници за изработка на везени обележувачи за книги.Везењето е техника на нанесување игла со конец на материјал. Оваа техника ни дава можност да бидеме креативни, да ја разбудиме наша фантазија и да твориме без граници. Везењето е техника која за жал изумира, се помалку младите генерации знаат да користат игла и конец за која и да било намена. Целта на овие работилници е да ги оживееме рачните изработки и да ги насочиме младите генерации кон креативноста и занаетите за рачни изработки кои би им дале насока за во иднина.
Учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола со своите професорки Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ни покажаа колку може да се направи со везење. Тие изработија прекрасни везени обележувачи за книги со најразлични дезени. Сечење, везење, декорирање, шиење и пеглање се постапки кои учениците ги користеа за изработка на обележувачи на книги.

Библиотеката и текстилната насока од “Таки Даскало“ со работилници за месецот на книгата, изработија везени одбележувачи за книги
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом
- Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)