Press "Enter" to skip to content

Македонски филмови во роденденскиот месец на Центар за култура, во “3Д Кино“ Битола

Во роденденскиот месец на НУ Центар за култура Битола и “3Д Кино“ Битола, фокусот е ставен на македонската кинематографија. Ќе  бидат прикажани најновите филмови на четворица режисери: Кристијан Ристески, Саша Станишиќ, Илија Павлов и Даријан Пејовски.

„Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески- филмот кој својата светска премиера ја имаше на американскиот филмски фестивал „Слaмденс“ и кој доби пофални критики во престижните филмски списанија Варајети,  Холивуд Рипортер, Скрин Дејли и други, а македонската премиера беше на свеченото затворање на ИФФК „Браќа Манаки“, се прикажуваше од 07 до 12 октомври во 3Д Кино Битола. „Тотално различен македонски филм“ е впечатокот на публиката, па поради интересот ќе има дополнителни проекции од 25ти октомври.

Краткометражниот филм „ПС Бусан“ на режисерот Саша Станишиќ ќе се прикажува во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.00 ч.  Станува збор за филм во јужно-корејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година. Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа. Директор на фотографија е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.

„Гласот на тишината“ (Rebirth: voice of silence) на режисерот Илија Павлов ќе биде прикажан во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.10 ч. „Две прашања: Сами сме во универзумот или не? И двата одговори се подеднакво застрашувашки.

Најновиот филм на режисерот Даријан Пејовски „Мими“ ќе се прикажува од 28ми октомври во големата сала. „Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Тука се запознава со Сара и помеѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »