Press "Enter" to skip to content

Себастијан Хенеберг: Битола го сака ракометот, со нетрпение ја чекам средбата со навивачите и првата победа

По потпишувањето на договорот на Себастијан Хенеберг со екипата на Еурофарм Пелистер, во клубските простории во Битола, и по фотосесијата во новиот зелено-бел дрес, за медиумите 28 годишниот бек изјави:

-Ова е добра прилика за мене, во еден добар клуб. Тренерот Ларс Валтер одигра важна улога во овој трансфер. Тој ми кажа за клубот и неговите амбиции. Едвај чекам да помогнам во подигнување на нивото на игра на клубот. Знам дека градот го сака ракометот. Со нетрпение чекам да ги запознаам навивачите. Интересно е што првиот меч во Европа ќе биде против Архус, се надевам дека ќе тргнеме со позитивен резултат. Тимот има добра структура и млади играчи и е меѓу најдобрите во Данска. Очекувам да биде тежок меч.

 
 
More from ВестиMore posts in Вести »