Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: расчистено разбојништво во Битола, 28 возачи под дејство на алкохол

На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле двајца малолетници од Скопје. По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари. 
Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Во текот на изминатата вечер (15/16.10)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 28 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци. 
More from ВестиMore posts in Вести »