На покана и во организација на проектот “Зајакнување на општинските совети“ – при УНДП од 10-13 октомври, Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска беше дел од „Европската недела на региони и градови“ во Брисел.Тема на настанот беше “Нови предизвици за кохезијата на Европа“, а воедно и градовите и регионите да го покажат својот капацитет за развој и создавање нови работни места, за спроведување на кохезивната политика на Европската Унија како и да ја докажат важноста на локално и регионално ниво за доброто европско владеење.
За време на одржувањето на настанот имаше разменување на искуства и добри практики помеѓу општините и регионите на ЕУ заедно со земјите кандидати кои што поскоро треба да бидат дел од ова големо европско семејство.

Габриела Илиевска на “Европската недела на региони и градови“ во Брисел
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени