-Една идеја која во Битола започна да се реализира, а за која лично сметав дека ќе биде успешно реализирана, филмскиот град во старата касарна, се затвори додека беше уште не до изграден во октомври 2012 година, започна да го раскажува своите сеќавања за Битола пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Филмскиот град кој беше изграден, во старата касарна, кај топланата или под “авионите“ како битолчани го викаат оваа место, интензивно се градеше за снимањето на турската серија “За Балканот 1912“, за жал не се изгради целосно и не започна со целосно искористување на капацитетите наменети за таа цел.
За снимањето на оваа турска серија во старата касарна се изгради една цела битолска чаршија каде беа снимени првите сцени од првите епизоди од серијата.
Филмската екипа од Турција неочекувано за сите познавачи на филмските прилики го прекина снимањето и си замина од Битола, а според првите информации од одговорните требаше да снимаат 3 и повеќе години и многи епизоди. Причината за прекинот и замину вањето за Турција следуваше по премиерата на првите епизоди, неофицијално беше нискиот рејтинг кој го забележале првите епизоди.
Во серијата “За Балканот 1912” играа многу познати глумци од Турција, а освен нив во серијата учествуваа и голем број актери од Македонија, како и голем број битолчани, во улога на статисти.

Деновиве пред 10 години: филмскиот град недоправен, по снимени неколку епизоди, прекина со работа (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Другарство и кабадајлук “high-level“, од Битола, Прага и Лондов дојдоа во Германија како изненадување за роденденот на другарот (фото)
- Деновиве пред 10 години: започна реконструкцијата на Ајдар-кади џамија во Битола – “Принцезата на Балканот“ (фото)
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски