Пелистер Волеј – Младост УГД 1:3
(18:25; 25:22; 21:25; 13:25)
На стартот на Втора Државна Лига на Македонија во Битола, на домашен терен, екипата на Пелистер Волеј е поразена од екипата на Младост УГД, во првото коло, со резултат 1:3 по сетови.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за првиот натпревар, по завршувањето рече:
-Започнавме со многу неизнудени грешки од прв прием, а особено од напад кога подоцна приемот функционираше. Долго време ја баравме вистинската постава, но првиот сет го загубивме. Вториот сет беше се поразлично, игравме далеку подобро и верувавме во својата игра, повеќе се држевме до договорот, а тоа веднаш резултираше со постабилна игра, убава, допадлива, игра која ја крена и публиката на нозе. Третиот сет се играше доста тесно, но на сцена стапија неколку судиски одлуки за кои сметаме дека сме оштетени, одлуки кои наметнаа доста нервоза, па сетот отиде во корист на штипјанки со 25:21. Во последниот сет веќе потполно падна концентрацијата и по трите сервис грешки во трите ротации, јасно беше дека следи пораз.Пелистер Волеј освои 45 поени од кои 33 од напад, 8 ас сервиси, 5 блока, а поените ги освоија: Анастасија Ристевска 15, Стефани Најдановска 11, Емилија Ивановска 5, Ева Трпеновска 4, Христина Трајчевска 4, Михаела Цветановска 4, Софија Проковиќ 1 и Емилија Бицевска 1.