Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го договори Емилијан Ѓорговски, во Битола останува до 2025 година

РК Еурофарм Пелистер од Битола го продолжи договорот со младиот Емилијан Ѓорговски, кој уште три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес. Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година.

Левиот бек беше доведен како член на Еурофарм Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под “палката“ на Ларс Валтер. Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во ЕХФ Лига Европа. Ѓорговски настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија.На потпишувањето на новио тригодишен договор, Емилијан Ѓорговски, кратко рече:

-Голема благодарност до екипата на Еурофарм Пелистер 2, со која имав голем напредок и потоа остварив голем успех и затоа потпишав за Еурофарм Пелистер. Наскоро почнува групната фаза на Европската лига и верувам дека ќе дебитирам. Со големо искуство е тренерот Ларс Валтер, многу учам од него и се надевам дека ќе созреам во професионален играч.

More from ВестиMore posts in Вести »