Полицијата денеска во период од 9:00 до 14:00 часот спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 42 пешаци.
За време на контролата регистрирани се и седум други видови прекршоци. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин.
Сите заеднички, велат од МВР, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници