На 16.10.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола на ул. “Мирка Гинова“ во Битола биле лишени од слобода две лица од Битола на возраст од 35 и 21 година , затоа што кај нив се пронајдени две пакувања со марихуана и боксирач. Истите се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Лицата се приведени и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
На 16.10.2022 во СВР Битола M.А. (46) од Битола пријави дека во населба “Карпош“ во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.