Додека билјард играчите со нетпрение ја очекуваат завршницата од македонското првенство во билјард во Битола се одржа “Отвореното првенство Кај Петчи и Панчо“ во билјард клубот во Битола, на кое што учествуваа 23 играчи, а поради големиот број на пријавени играчи првенството траеше два дена.-Како и секогаш турнирот во овој клуб кој што е од затворен тип, атмосферата беше опуштена без “дрес код“ и во пријатно расположение кај сите играчи од Битола, Прилеп и Тетово, односно од градовите каде се игра и најповеќе, а и најквалитетен билјард. Најдобар на турнирот беше Христо Василевски од Битола, победувајќи го Рами Укшини од Тетово. И пред турнирот Христо важеше за фаворит, а со освојувањето ја оправда таа улога и си ја круниса со уште една победа, добрата форма која ја покажуваше на тренинзите пред турнирот, вели Горан Думевски – Панчо, дел од организацијата и судија на турнирот.
На трето место се пласираа Тале Самарџиоски од Прилеп и Дритар Бајрами од Струга. Дритар и Рами инаку одлични играчи кои што поради работните обврски не можат професионални да се посветат на билјардот но секојпат учествуваат на турнирите во Битола и притоа негувајќи ги одличните пријателски односи со организаторот.Мора да се спомене и најпријатното изненадување на турнирот Владимир Георгиески од Прилеп, за што Думевски вели:
-Човекот спрема кој што судбината воопшто немаше милост и за голема жал мораше да му биде ампутирана ногата. Но тоа воопшто не го поколеба туку напротив, Владче играше од количка и успеа да оствари три победи и еден тесен пораз. Вистинско задоволство беше да се гледа со колку жар, со колкава желба играше и притоа на воодушевување на публиката изведуваше одлични удари. Човекот на кого му треба мотивација овојпат беше мотиватор како треба да го сакаме животот и се што правиме да го правиме од душа и со страст.Со надеж дека Владче со својата желба ќе ја отвори врата на овој спорт и за луѓето со посебни потреби, а со љубовта кон Билјардот ќе ги мотивира и сите играчи од Македонија да веруваат дека можат, ние можеме само да му речеме дека, покрај Христо Василевски, вистинскиот победник на овој турнир беше Владче.