На 18.10.2022 на улица “Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 47 и 46 години, двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.