Press "Enter" to skip to content

Во петок, во пазар, урбани приказни со Кекело… Ќе се префатиме

Крај на девеесеттите. Познат и посетен кафич во Битола.

Денската шема во Битола одеше по овој редослед: после 10 часот прва фаза е кафе, вода/сок, и после секој на своја страна. Ако се продолжува се оди во фаза два, се оди на “векија романа“ или “баделов коњак“ (кафичите на “ниво“ не држеа ракија).

Доколку се издржи до кај два-три сато поручек, следи фазата три, виски и “Ај некој да купи бадемчиња, нешто лешници, и едно тоблероне, не ој вискито на голо“.

Седнати на маса надвор на тротоар тројца, сато два поручек, виски и лешници на маса и чоколадо отворено.

Иди нивни другар. Го прашва еден од масата:

-Абе кај си досега, два сато дојде.

-Седнува на столица “Остај не прашвај, втор брачед ми почина. Треба да дам по едно за душа да му се фати“.

-Сите стаписани, другиот прашва “Онај болен шо беше?“

-Аха.

-Бог да го прости. Кога ќе го закопвате?

-Утре. Келнер, дај по едно за сите, и за мене виски ама со мраз.

Носи келнеро, сите истуруваа по малку од вискито на земја “за душа на покојнио“.

Пијат и молчат.

По едно време, вторио му вели на новодојденио:

-За утре за погребо, имате чејнца, бобици, маслинки, локум…?

-Не знам, сигурно ќе има.

-Ај вака да напрајме, не фаќам нешто денес, ти плати ја сметката тука, па ќе се префатиме со мене, ќе ти донесам за погребо се шо треба, а?

(не фаќам = на битолски значи не сум при пари во моменто)

More from ВестиMore posts in Вести »