По повод месецот на книгата библиотеката во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола организира изложба на делата на писателот Зоран Пејковски. Изложбата која ја организира библиотекарот м-р Драган Ристевски денес ја посети и писателот Пејковски кој на библиотеката им подари по еден примерок од својот книжевен опус, вкупно педесетина.-Ме израдува оваа иницијатива да има изложба на моите дела, кои извесен период ќе бидат изложени во холот на Гимназијата и тоа што ќе има мое катче внатре во библиотеката. Сакам не само моите дела, туку и сите книги кои се тука да бидат читани од гимназијалците, а професорите да ги насочуваат да читаат што повеќе книги, рече Пејковски.
Библиотекарот м-р Драган Ристевски, за изложбата и престојот во Гимназијата на Пејковски рече:
-Со оваа изложба на делата на и со други настани го одбележавме месецот на книгата, за што гимназилците покажаа голем интерес. Катчето во библиотеката кое го посветивме на нашиот сограѓанин, ќе биде почеток на соработка со него.
Зоран Пејковски се дружеше и со гимназијалците од втора година, на нивниот час по македонски јазик. Тој им се претстави, зборуваше за неговиот книжевен опус, а со учениците разговараше за предметот македонски јазик.
Пејковски разви дискусија со учениците за делото кое го изучуваат од Виктор Иго.
Учениците на крај го изненандија со тоа што ученичката Теодора Јовчевска прочита и негови песни од книгата “Убавите жени“.

Писателот Зоран Пејковски подари свои книги на библиотеката во Горната Гимназија каде е поставена изложба на делата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом
- Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)
- Современа словенечка графика “Исто Сонце“ во КИЦ Битола (фото)
- Владимир Костов добитник на наградата за “Животно дело на Роднокраен автор од Битола“