Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: медикаментозна хепатотоксичност

Д-р Васил Чипуровски информира кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината, а дава и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите.

Овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на медикаментозна Хепатотоксичност, за што вели:

-Лековите кои се примаат пред се  орално во цревата се абсорбираат преку порталната вена до црниот дроб каде преку цитохрим оксидазата  во хепатоцитите и сложениот процес на коњугација се излачуваат преку бубрезите во урината или преку жолчката и цревата во изметот претходно остварувајќи го својот ефект како преработени метаболити. Секој лек можи да предизвика алергиска реакција кај предиспонирани лица или токсична реакција со оштетување на еден орган или повеќе. Од лекарствата кои се хепатотоксични се ацетаминофенот или парацетамолот, диклофенакот, кетопрофенот, аспиринот, антибиотиците (амоксицилин, рифампицин макролиди) антивирусни, андрогените стероиди, анаболи, орални контрацептивните од хормоните, статините симвастатин аторвастатин, росувастатин, АКЕ инхибиторите, са антагонистите, антипсихотици антиепилептици итн.Постојат три црнодробни оштетувања од давање на лекови итоа субклинилка форма со покачување на АСТ АЛТ под 200 U/L ,акутна микровезикуларна стеатоза -замастен црн дроб со безначајно зголемени АСТ АЛТ и акутното црнодробни оштетување со инфламација до некроза, поточно од фиброза преку цироза со акутна црнодробна слабост  со лабораториски параметри на  10 до 100 пати над нормала аминотрансферази, ЛДХ, малку зголемена Алкална Фосфатаза и билирубини.

Вториот тип на акутно црнодробни оштетување е оној налик на опструктивен иктерус со холестаза трикратно зголемени аминотрансферази со значаен скок на директен Билирубин, ГГТ, алкална фосфатаза во крвта. Со ехо на абдомен кај холестатската форма се гледа да нема проширување на жолчните патишта и покрај лабораториските наоди на холестаза. Најзначајно е следење на пациентот при ординирање на дадена терапија, контрола и прекинување на лекот доколку се утврди дека е причина за дадени промени со примена на хепатопротектори при оштетување на црниот дроб.