Press "Enter" to skip to content

Стартува “Политичка академија 2022“ во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола започна со работа “Политичка академија 2022“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, на која присуствуваа голем број на млади.За оваа идеја и реализација на политичката академија, Мартив Ивановски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, на отворањето, откако ги поздрави присутните рече:-Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола е да се вложува во младите, да се поттикнат во нивното развивање на многу полиња. За таа цел, УМС на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола организира “Политичка академија 2022“, академија каде младите ќе стекнат многу нови знаења и вештини, за многу различни теми поврзани со политиката. Академијата е предвидена да трае од 22 октомври до 13 ноември, 2022 година. Во академијата младите ќе се запознаат со многу работи поврзани со политиката, каде врвни докажани предавачи ќе споделат искуство од нивните сфери. Од запознавање со работата на локалната самоуправа и Собранието, процес на избори и водење кампања, односи со јавност и реторика, младинска политика, меѓународна политика, лидерство и менаџмент и многу други нешта.Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој и официјално за отвори политичката академија рече:-Чест ми што пред големиот празник 23. Ноември сум во Битола и заедно со вас да ја отвориме “Политичка академија 2022“ на денот на македонскиот непокор. Покрај овие активности на УМС како хуманитарните, спортките, една од главните одлики на УМС е што Унијата секогаш инвестира во своите членови и активисти и токму поради таа причина УМС е расадник на кадри кои понатаму ја водат политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Токму тие членови кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт добиваат прилика да ја водат државата, Република Македонија, во општина Битола и во други институции на државниот апарат. Ова го кажувам бидејќи тука гледам млади луѓе, помлади од мене и од раководството на УМС Битола, и сакам да им се заблагодарам за присуството и да ги поттикнам да активираат што е можно повеќе млади луѓе да се приклучат кон УМС.Прв предавач на “Политичка академија 2022“ во Битола беше историчарот, професорот Ѓорѓи Чекутков кон на обраќањето кон младите и нивните гости со што и офуцијално започна работата на акаденијата, при што рече:-Посебно ми е чест да се обаратам на ден пред големиот и значаен датум за нас Македонците и за Македонската Револуционарна Организација. Тоа е 23 октомври, денот на денот кога започнува организирана вооружена борба на Македонскиот народ за создавање на слободна, македонска и независна држава. УМС од секогаш била стожен на младите патриотски сили и била стожер каде се собирале младите сили кои се залагале за одбрана на македонската национална чест и секогаш биле на браникот на македонските национални интереси. Особено тоа е важно денес, кога се повампирени соседните антимакедонски пропаганди кои сакаат да ги избришат македонскиот идентитет на нас Македонците.Чекутков зборуваше за тоа кога почнала националната борба, многу порано пред 23 октомври 1893 година, кога е формирана Организацијата во Солун, од страна на основачите на МРО, во средниот век.

More from ВестиMore posts in Вести »