Press "Enter" to skip to content

“Microblading“ техника, исцртување и пополнување на веѓите со најтенки влакна за природен облик, во “Боди М“

“Microblading“ техниката е најмногу барана затоа што овозможува природен облик со исцртување и пополнување на веѓите со најтенки влакна.

Што е “Microblading“ техника на обликување веѓи? Како се применува и што треба да знаете да закажете третман? Одговори побаравме од нашата Миме, која е цертифицирана за овој популарен метод.

Кои се методите кои се применуваат кај оваa техника?

Миме: На почеток, важен е контактот со клиентот и запознавањето со неговите очекувања од третманот.  Потоа, следува дезинфекција на веѓите. Скицирање на веѓите се додека се постигне совршен облик кој клиентот ќе го одобри. Одредување на карактеристичните точки и обликување на линиите со шестар. Контурирање на веѓите односно исцртување на рабовите. Одредување и усогласување на пигментот кој ќе се употреби со тој на веѓите. Пополнување и исцртување на веѓите дури да се постигне совршен облик. Третманот трае 120 минути, се изведува со средства за еднократна употреба и е безболен.

Пигментите кои се аплицираат се квалитетни и остануваат видни 1 до 2 години во зависност од типот на кожата. Доколку клиентот има мрсна кожа или се изложува на сонце времетраењето се намалува.

Ве очекуваме,  во вашиот “БОДИ М“.