Press "Enter" to skip to content

Убедлива победа 0:4 на фудбалерите на Пелистер на гостувањето во Велес

Борец – Пелистер 0:4 (0:1)

Во рамките на 10. коло од Втората фудбалска лига екипата на Пелистер од Битола убедливо ја победи домашната екипа Борец, со 4:0 на гостувањето во Велес. Со оваа победа “пелистерци“ ја оправдаа фаворитската улога, славеа и запишаа важни бодови.

Головите за Пелистер ги постигнаа Борче Маневски, Бурхан Мустафов, Сашко Дуков и Бобан Здравевски. 

Со овие три нови бода екипата на Пелистер фати приклучок со врвот фати и сега се наоѓа на 4. место со 20 бодови. Лидер на табелата е Гостивар со 24, пред Воска Спорт со 23 и Вардар со 22 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »