Викендов во Битола, односно на теренот во Новаци се одигра традионалниот турнир во фудбал кој по пауза од три години го организира аметерскиот фудбалски клуб Конзули Ветерани од Битола.Претседателот на клубот Горан Кулевски за турнирот рече:
-По пауза од три години поради состојбата со короната и забраната за одржување на настани, викендов, можам слободно да кажам, дека одлично го организиравме и ја продолживме традицијата на ова наше дружење, односно одржување на фудбалски турнир. На турнирот, на кој бевме домаќини, учествуваа покрај нашата екипа од Битола и екипи од Турција од градот Истанбул и екипа од Бугарија од Пловдив. Со овие екипи соработката трае повеќе години, а заедно настапивме и на турнирот во Бугарија.
Иако турнирот, овој пат по паузата, немаше за цел да се прогласи најдобра екипа, туку едноставно да се продолжи традицијата на дружење, сепак екипата од Пловдив, според неофицијалните резултати, одлучи големиот пехар оваа зима да остане во Битола.
Домаќините одлучија иако нема најдобра екипа сепак да доделат награда за најдобар играч, а тоа беше фудбалерот од Истамбул, Реџеп, кој од организаторот доби пехар и подарок фудбалска топка.
Турнирот заврши со размена на подароци од страна на сите три екипи, а по паузата учесниците ќе го паметат и по одлично поминато време во Битола, по дружењето и забавите во трите дена од престојот во Битола.

На турнирот во фудбал на Конзули ветерани учесници екипи од Пловдив и Инстанбул (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа
More from СпортMore posts in Спорт »
- Прв пат Митревски и Тодоровски судии на дербито Еурофарм Пелистер – Вардар ќе имаат помош од ВАР технологија, браќата Илиевски за одлука за трето место
- Победа на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола во претпоследното коло (фотогалерија)
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- Претседателите на Еурофарм Пелистер и Вардар, Стерјев и Михајловски: на дербито да победи подобриот
- За билјард играчите од “А“ дивизијата од Битола, Тетово неосвоива тврдина