Викендов во Битола, односно на теренот во Новаци се одигра традионалниот турнир во фудбал кој по пауза од три години го организира аметерскиот фудбалски клуб Конзули Ветерани од Битола.Претседателот на клубот Горан Кулевски за турнирот рече:-По пауза од три години поради состојбата со короната и забраната за одржување на настани, викендов, можам слободно да кажам, дека одлично го организиравме и ја продолживме традицијата на ова наше дружење, односно одржување на фудбалски турнир. На турнирот, на кој бевме домаќини, учествуваа покрај нашата екипа од Битола и екипи од Турција од градот Истанбул и екипа од Бугарија од Пловдив. Со овие екипи соработката трае повеќе години, а заедно настапивме и на турнирот во Бугарија.Иако турнирот, овој пат по паузата, немаше за цел да се прогласи најдобра екипа, туку едноставно да се продолжи традицијата на дружење, сепак екипата од Пловдив, според неофицијалните резултати, одлучи големиот пехар оваа зима да остане во Битола.Домаќините одлучија иако нема најдобра екипа сепак да доделат награда за најдобар играч, а тоа беше фудбалерот од Истамбул, Реџеп, кој од организаторот доби пехар и подарок фудбалска топка.Турнирот заврши со размена на подароци од страна на сите три екипи, а по паузата учесниците ќе го паметат и по одлично поминато време во Битола, по дружењето и забавите во трите дена од престојот во Битола.
На турнирот во фудбал на Конзули ветерани учесници екипи од Пловдив и Инстанбул (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- Шампионот Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, ќе се цели на три трофеи (фотогалерија)
- Бобан Георгиев најново засилување за ФК Пелистер од Битола
- Петар Крстевски од Битола- млад фудбалер игра во клубот SV-HORN, Австрија
- Југ со девет пливачи во Охрид, бронза за Ана Котевска и Максимилијан Лазевски