Бами Кор – Пелистер Волеј 1:3
(22:25; 25:21; 20:25; 14:25)
Во рамките на 2. коло од Втора одбојкарска државна лига на Македонија екипата на Пелистер Волеј победи на гостувањето во Тетово, против екипата на Бами Кор од Тетово.
За разлика од првиот натпревар во Битола, во првото коло, овој пат “пелистерки“ играа одлично, со многу жар и емоции против конкуртентот за највисок пласман, а како и секогаш во салата “Гоце Делчев“ е тешк0 за победување.
За овој натревар тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:
-Играта беше на посакувано ниво, игравме одговорно и ги намаливме грешките, што сепак сметаме дека не е доволно, односно дека оваа екипа можи уште подобро и уште повеќе. Одлично одигран прв сет во кој водевме од почеток до крај, во вториот сет започнавме уште поубедливо и подобро и се до самиот крај некаде до 18 поен, но тетовчанки со низа добри сервиси го добија вториот сет со 25:21. Третиот сет направивме некои измени, за сигурни 25:20, а во четвртиот сет веќе беше се јасно дека трите бода одат за Битола.
Одлична партија на нашата примачка дијагонала Најдановска – Белокозовска која донесе дури 35 поени од вкупно 59, која одигра можеби најдобро и најубедливо до сега, едноставно беа брутални и незапирливи во нападот, како и коректорката Софија Проковиќ која исто така одигра еден фантастичен натпревар.
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 19, Ивана Белокозовска 16, Софија Проковиќ 7, Анастасија Ристевска 5, Лиле Лозановска 5, Емилија Бицевска 4, Михаела Цветановска 3.