Press "Enter" to skip to content

Валтер Ларсен тренер на Еурофарм Пелистер: наша цел вечерва е победа

Вечерва во Битола со почеток во вечерниот термин на ЕХФ, во 20,24 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ доаѓа осмопласираната екипа во данското првенство, тимот на Архус. Екипата на Еурофарм Пелистер напорно се подготвуваше за дебито на евро сцената, а тренерот на Пелистерци Ларсен за вечерашниот натпревар вели:

-Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел вечерва е победа, а за данскиот противник додава:

-Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени.

Искусниот 57-годишен Данец полага големи надежи во битолската публика, која најавува нова атмосфера за паметење. 

-Кога нашите навивачи се тука и ќе ја исполнат оваа сала тие се секогаш во форма и можеме да научиме нешто од нив. Извонредно е тука и едвај чекам да ја почувствувам таа атмосфера, вели Валтер.

Дуелот на македонскиот и данскиот претставник ќе го водат германски судии. Делегирани се Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд. Делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Хрватот Синиша Рудиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »