Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со пораз во Битола ја започна европската сезона (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Архус 27:30 (12:16)

Иако започнаа одлично, во прекрасна ракометна атмосфера во Битола, на домашен терен, ракометарите на Пелистер со пораз ја започнаа европската ракометна сезона, од екипата на дански Архус, со резултат 27:30, полувреме 11:11. “Пелистерци“ започнаа со огромна поддршка од домашната публика, салата “Боро Чурлевски“ беше исполнета до последно место, а се играше брзо темпо на двете страни. Први поведоа гостите, а потоа следуваше подобра игра на македонскиот тим, а по 10 минути игра беше 7:3  за домаќинот. Еурофарм Пелистер водеше со два-три гола, а беше и +4 (10:6). Потоа следуваше голем пад во играта на битолчани, цели седум минути беше без гол и лошо го заврши полувремето. Данците имаа 12:16 во своја корист и со тој резултат се отиде на одмор.Гостинскиот тим продолжи со добра игра и во продолжението, а нападот на Пелистер не беше на посакуваното ниво, техничките грешки беа честа појава. На десет минути до крајот резултатот на семафорот гласеше 23:25. “Пелистерци“ направија серија и со погодокот на Жарко Пешевски намалија на “минус еден“. Добрата игра во дефанзива го поправи впечатокот на домаќинот во финишот од мечот. Данците одговорија со два гола во низа и си го отворија патот до победата.

Хенеберг и Хосни со по пет гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, а кај гостите се истакна Хакун Вест со единаесет погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »