Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземени 10 метри кубни дрва без документација, битолчанка физички нападната кај “Гроздот“

На 24.10.2022 во село Острец, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција, Отсек за економски криминал и полициски службеници од крим техника при СВР Битола од лице од селоОстрец одзеле 9,6 просторни метри огревно дрво без соодветна документација. Дрвата биле предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случејот против него ќе следи соодветна пријава.

На 24.10.2022 во СВР Битола, В.К. (28) од Битола пријавила дека на место викано „Грозд“ во Битола била физички нападната од  лице од село Горно Оризари, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »