Што треба да знаеме за ХПВ (хуман папилома вирусот), кои заболувања ги предизвикува, што се постигнува со вакцината, сите овие прашања беа поставени и одговорени на семинарот на што денеска се одржа во Битола на тема „Здравјето на жените во Северна Македонија – превенција од рак на грлото на матката: Како да се намали ХПВ инфекцијата, инциденцата на рак на грлото на матката и други ХПВ поврзани болести“. Семинарот беше во организација на Ротари клуб Битола во соработка со Rotary Djursholm од Шведска, од каде што дојде д-р Лилјана Кочоска –
Предавачите и здравствените лица на семинарот, покрај што пренесуваа искуства и знаења, исто така и едуцираа за опасноста од ХПВ и за големиот број заболувања предизвикани од овој вирус. Споделија и практични совети за превенција преку вакцинација и како се одвива процесор на вакцинирање.
Организирањето на овој семинар е дел од заложбите на Ротари клуб Битола да се подигне свесноста на граѓаните и засегнатите страни за прашања поврзани со здравјето на жената и потребата од едукација на оваа тема.
-Преку проектите кои се спроведуваат и служиме на заедницата, давајќи пример и помагајќи таму каде што е најпотребно. Ние се залагаме за нашите заедници и локално и во странство. Ги поддржуваме оние на кои им е потребна помош, се стремиме да го подобриме животот и носиме позитивни промени во нашите соседства. Секој настан, иницијатива или проект што го водиме – без разлика дали е локален, национален, меѓународен или онлајн – е вкоренет во поимот заедница. Тоа е затоа што веруваме дека општеството функционира подобро кога заедниците работат заедно, изјави претседателот на Ротари клубот Битола – Илија Јолевски.

Ротари клуб Битола организираше семинар за здравјето на жените и превенција од ХПВ инфекција
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)