Press "Enter" to skip to content

Сојузот на студенти на УКЛО и Лигата за борба против ракот одржа предавање за подигање на свеста за ракот на дојка

УСС УКЛО со здружението „Лига за борба против ракот“ од Битола организира едукативно предавање во рамки на кампањата за подигање на свеста за ракот на дојка.

На настанот што се одржа на Високата медицинска школа, стручно излагање изнесе д-р Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика. Тој пред присутните говореше за препознавање на болеста со цел навремено откривање и начините на  превенирање,  особено затоа што  забрзано расте бројот на афектирани пациенти меѓу кои и девојки во раните дваесетти години.

Од името на УКЛО, проректорката, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска истакна дека едукативното предавање го одразува студентскиот и академски интерес за здравствената проблематика, особено во месец октомври којшто во целиот свет е посветен на борбата против карциномот на дојка со цел подигнување на свесноста за постоење на оваа болест што е исклучително важно ако сакаме да ја победиме.

Претседателката на УСС УКЛО, Симона Наумовска нагласи дека Универзитетското студентско собрание во програмата вклучува  едукативни предавања.  Со одржување на трибината во рамки на кампањата за подигање на свеста за ракот на дојка,  студентите сакаат да ја шират пораката дека болеста е излечива доколку се открие на време, бидејќи болеста не е ни малку розова.

More from ВестиMore posts in Вести »