Вечерашниот ракометен натпревар во Битола, прв во оваа “европска“ ракометна сезона започна (не) очекувано, со дувачкиот оркестар на Битола, чии членови изведоа марш низ теренот, предводени од диригентот Бакревски, а сето тоа наиде на голем аплауз.По првиот почетен удат на двете трибини во салата “Боро Чурлесвки“ навивачите направија “фудбалска“ кореографија, со подигнување во воздух на зелени и бели хартии во знак на боите на дресовите на ракометарите со зелено-бела боја.
Натпреварот помина со навивање, а публиката ги бодреше навичите и моментите кога противникот имаше и четири гола предност, а но за жал и тоа не помогна “пелистерци“ резултатски да се вратат.
Добра ракометна атмосфера во Битола, но поразот си го направи своето, а публиката на крај со аплауз ги испрати двете екипи, со надеж дека првите европски, домашни, бодови ќе ги прокнижиме во ноември.

Старт со дувачки оркестар, следуваше “фудбалска“ кореографија, но “фалеше“ победа за комплетно ракометно доживување (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- Претседателите на Еурофарм Пелистер и Вардар, Стерјев и Михајловски: на дербито да победи подобриот
- За билјард играчите од “А“ дивизијата од Битола, Тетово неосвоива тврдина
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2