Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес 1 лице позитивно на ковид-19, оздравени 3, активни 13 случаи

Регистрирани се 68 нови случаи на КОВИД-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа, а во Битола, како што информира Министерството за здравство, има само 1 нов случај.

Оздравени се 40 пациенти, од Битола се 3.

До сега во Битола има 17.987 лица, а активни се 13 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 10  тестови, преку ЦЈЗ Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.