Press "Enter" to skip to content

На изворот “Кисела вода“ пронајдени безживотни тела на двајца браќа, се задушиле од јагледород моноксид

По долго време јамската чешма која се наоѓа во месноста “Кисела Вода“ зеде уште две жртви, кои се задушиле од вдишување јаглерод моноксид, кој повремено излегуба, а неофицијално се работи за двајца браќа кои полннеле вода од изворот.

СВР за овој трагичен настан соопшти:

-Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »