Press "Enter" to skip to content

Стартува новата превентивна кампања на СВР Битола: “Сигурност и безбедност на граѓаните – наша обврска“

Секторот за внатрешни работи Битола почна со реализација на новата превентивна кампања – “Сигурност и безбедност на граѓаните – наша обврска“ чија примарна цел е зголемување на нивото на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Така денеска полициски службеници посетија повеќе локали и објекти на правни субјекти (аптеки, обложувалници, казина, златарници, колонијални продавници), при што со вработените беше разговарано за начините на превенирање и заштита од различен вид криминал, како и за неопходноста на соработка и благовремено информирање на полицијата преку бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а во насока на навремено откривање и расчистување на кривичните дела.

Воедно во текот на разговорите со вработените полициските службеници делеа и едукативни печатени материјали со низа важни совети и препораки за самозаштита.

More from ВестиMore posts in Вести »