Проректорот за наука на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, проф. д-р Горан Илиќ, оствари средба со Хелена Пацуска, регионална менаџерка за Источна Европа, Русија и Централна Азија на академската издавачка куќа “Elsevier“.
На средбата што се одржа во Ректоратот на Универзитетот стана збор за отпочнување на соработка меѓу УКЛО и оваа реномирана академска издавачка куќа. Соработката со “Elsevier“ за УКЛО нуди можности за обезбедување поголема видливост на научноистражувачката работа и поголемо искористување на ресурсите што ги нуди “Elsevier“ за наставниците, соработниците и студентите на сите три циклуси на студии, во делот на научноистражувачката работа и академското издаваштво.
Исто така, на работниот состанок кој се одвиваше во пријатна атмосфера стана збор и за активностите што се планираат во насока на унапредување на квалитетот на универзитетското научно списание “Хоризонти” и негово понатамошно индексирање во референтни академски бази на податоци.