Press "Enter" to skip to content

Пет години “Bitolanews“, објавени 17.000 текстови, околу 40.000 фотографии… (фотогалерија)

Деновиве порталот “Bitolanews“ од Битола, слави пет години од постоењето, односно од првиот напис кој е објавен на 27 октомври 2017 година, по завршувањето на сите администартивно-правни работи околку комплетната регистрација на ДООЕЛ “Рафе прес“ Битола, кој е издавач на порталот, крајот на октомври 2017 година.Ние само ќе кажеме дека во пет години постоење имаме објавено околу 17.000 објави и повеќе од 40.000 фотографии, 500 фотогалерии, 3.000 текстови од спортот, стотина интервјуа, 1.000 совети од сите области, 1.800 фотографии од рубриката фото на денот со кои редовно го започнуваме денот, 1.600 пи-ар – комерцијални текстови, стотина текстоти со фото галерии од концерти…Сите овие текстови и фотографии се искучиво од Битола и битолчани без разлика каде се наоѓаат. Тоа е од нас и за нас, а се трудиме да бидеме заедно со Вас дел од секојдневието на Битола, на најголем дел од настаните и случувањата во градот, да бидеме хроничари на Битола, за некој во годините кои следуваат да се присетуваат како било во Битола, како што сега ние го правиме со рубриката “Деновиве пред 10 години“ со 200 текстови.Одбележувањето на 5 години постоење на “Bitolanews“ започна со подарување на фото-изложба “Гимназијата низ фото-објективот на Дамијана“ која ја подаривме на Гимназијата “Јосип Броз Тито“, потоа следуваше изложбата “Битфест 2022“ на Сашо Ристевски, која ќе ја подариме на Архивот од Битола.Ни останува уште една планирана средба со нашите битолчани, во кафулето “Пајтон“ на Широк Сокак, каде ќе направиме многу изненадувања за голем број наши пријатели, но за тоа потоа…Како ние сме работеле, оставаме на Вас, да кажете, а ние, како што го правиме за сите битолчани и битолски компании и институции, така и за нас, низ фотогалерија ви пренесуваме како помина прославата за нашиот мал јубилеј, 5 години постоење, која се одржа во бар “Манаки“ во Битола. 

Фото: А.Џело – Д.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »