Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ со донација-решение за течењето на камионите за собирање на отпад

“Поинаку“ од Битола со донација-решение за течењето на камионите за собирање на отпад на ЈП “Комуналец“ од  Битола, кое е едноставно и за истото не е потребна голема финансиска инвестиција, а се решава децениски проблем.

-Неколку години се молиме со директорите на Комуналец да се најди чаре за камионите шо течат. Снимавме,  сликавме и повеќе пати посочивме на кој начин можи да се реши ова ама… ЏАБЕ.  Од лани единствено криви за течењето на камионите се Чулако и Поинаку.  Еве да знаат битолчани дека решението кое го понудивме и не беше прифатено од директорите, решивме сами да го напрајме, на наш трошок за помалку од 10 дена, се вели во соопштението од “Поинаку“, во кое во продолжение стои:

-Се работи за “корито“ кое е заварено на шасијата на камионот кое ќе ги собира отпадните течности и има чеп од кој подоцна можи да се празни.  Ова е само пример на еден од камионите и истото или слично  треба и мора да се направи на сите камиони од страна на “Комуналец“. Со оглед на тоа дека ја имаат целата потребна поддршка, очекуваме дека јавното претпријатие ќе ги среди и другите камиони.  Денес наидовме на соработка кај вработените во Комуналец, се надеваме дека истата ќе продолжи до конечно решавање на овој, но и на останати проблеми во градот.

More from ВестиMore posts in Вести »