Press "Enter" to skip to content

Топ гол не знае за пораз, победа 9:0 во Охрид

Билјанини извори – Топ Гол 0:9 (0:7)

Висока победа на сениорска женска екипа на Топ гол на гостувањето во Охрид против домашната екипа на “Билјанини извори“. Во рамките на 5 коло од ВФЛ жени, битолчанки со конечен резултат од 0:9 , полувреме 0:7 ги совладаа охриѓанки во натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште на Воска.

Гоцевска со еден, Талевска и Стојчевска со два и Милевска со четири погодоци се запишаа на листата на стрелци на овој натпревар.

-Честитки за новата победа и новите три бода на нашето бодовно салдо. Во одлични услови за игра и крајно фер игра од страна на двете екипи имам само пофални зборови. Во овој натпревар шанса добија и помладите фудбалерки кои беа на висина на задачата. Создадовме победнички менталитетот и нашата самодоверба е крајно висока. Ќе продолжиме со силна работа, а техничката подготовка ќе биди во фокусот, вели тренерот Кире Грбевски.

За Топ гол настапија: Талевска, Марковска, Давчева, Димитровска, Трајчевска, Гоцевска, Талевска, Стојчевска, Гроздевска, Стевановска и Милевска уште играа: Јовановска, Неделковска, Павловска, Триста и Божиноска.

Следното 6 коло Топ гол се среќава со екипата на Порече од Македонски Брод. Во досегашниот дел од првенството Топ гол е лидер на табелата и најсериозен кандидат за есенски шампион.

More from ВестиMore posts in Вести »