Засилувањето во Битола, кошаркарот, Американецот Кени Карпентер имаше можност да дебитира во дресот на Пелистер во победата над Навико ФМП Академија на домашен терен во Битола. Новото засилување за пелистерци добро се адаптира на новата играчка средина. Тој смета дека групата на соиграчи има добра хемија и тоа ќе се исплати на долгорочен план.
-Ми се допаѓа градот, јас сакам нови искуства. Соиграчите ме примија добро, ми овозможија да се чувствувам дека сум дел од тимот од почетокот на сезоната. Уживам во моето време тука. Рано е да се каже, но ова е еден од тимовите со најголема хемија во мојата кариера. Тоа е најголемата разлика во моите очи. Мислам дека тоа ќе се исплати во иднина“, вели Карпентер.
Во рамките на четвртото коло Пелистер на домашен терен во Битола игра против екипата на Струмица, в недела во 18:30 часот.