Press "Enter" to skip to content

Нова победа на Пелистер, поразена екипата на Струмица (фотогалерија)

Пелистер – Струмица 114:101

Во Битола екипата на домаќинот Пелистер ја победи Струмица со резултат 114:101, а победата беше најавена уште во првата четвртина со реализација на дури 30 поени.

Двете екипи почнаа со расположен шут и напад и малку внимание посветуваа на одбраните. Шутот ги служеше пелистерци, но Крстајиќ, Мамузиќ и Стаменковиќ возвраќаа. Струмичани седумнаесет минути беа залепени за ривалот, но цврстата одбрана на вицешампионот ја направи разликата, а на одмор се отиде со 54:45. 

Почетокот на третиот период го реши прашањето на победникот кога “пелистерци“ направија 13:0 за +22 поени, а  третиот квартал заврши со 84:65. Последната четвртина беше само рутина и можност струмичани да дојдат до чесен пораз (114-101).Најефикасни кај Пелистер беа Хаџифејзовиќ со 31 и Карутерс со 23 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »