Денеска во Битола, во големата сала на Народниот тестар од Битола, својот 4. по ред конгрес го одржа Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. На овој конгрес се избраа новите раководни тела на партијата за периодот кој престои, наредните 4 години.
На конгресот покрај ракоодните тела на ПОДЕМ и делегатите беа присутни и претставници на коалиционите партнери, а меѓу нив беа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, како и претставници на други политички партии. ПОДЕМ е дел од позицијата во Советот во Општина Битола, како дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивно име пред почетокот на официјалниот дел се обрати градоначалникот на Аеродром и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински, кој го повтори ставот дека треба да има предвремени парламентарни избори, а тиа заедно со коалиционите партнери, меѓу кои и ПОДЕМ ќе победат на нив.
Пред делегатите се изборот за претседател на партијата и членови на Надзорниот и Централниот одбор на ПОДЕМ, зборуваше проф. д-р Живко Јанкуловски, основач и претседател на ПОДЕМ, кој одржа поздравен говор.
Јанкуловски во обраќањето истакна дека трите теми на кои во наредниот период партијата ќе биде фокусирана се справувањето со енергетската криза и кризата предизвикана од војната во Украина, како и како што рече потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија.

Партијата “ПОДЕМ“ во Битола го одржува 4. конгрес (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Утре во НУ Театар Битола – 4. по ред “Креативен ден 2025“со учество на тимови од средни стручни училишта од областа на модата и текстилот
- На брифингот со новинарите претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ зборуваше и за натпреварот во Битола на селекцијата до 21 година против Италија
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре со прекинато водоснабдување од “Јане Сандански“ до “Цане Василев“
- СВР Битола приведе 39 дилери на дрога во месец мај, меѓу нив тројца малолетници и двајца странци
- 25 мај, патрониот празник на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола свечено одбележан (мега фотогалерија)