Press "Enter" to skip to content

Две максимални победи на пионерките на Пелистер Волеј на стартот на сезоната

Пелистер Волеј – Те Волеј 2:0 (25:01-25:05)

Пелистер Волеј – Ѓорче Петров Волеј 2:0 (25:13-25:11)

Фуриозен старт на пионерките на Пелистер Волеј со брутално издание во пионерската лига во рамките на група “Г“ во која домаќин беше екипата на Ѓорче Петров од Скопје во салата на СС “Христо Батанџиев“, се наметнаа како сигурни лидери во групната фаза. Два натпревари со максимални победи и 6 бода за сигурно прво место во групата и желба за највисок пласман и оваа сезона.

Двата натпревари и двете победи е огромен успех, а за истакнување е што повторивме, а за малку не срушија еден рекорд од изминатата деценија, кога една друга генерација, исто како и денес оствари резултат од 25:01 во првиот сет и исто како и минатиот пат, единствениот поен за противникот беше сопствена грешка.

Младински погон на Пелистер волј функционира беспрекорно, со голема почит и респект кон сите чинители, со желба за брзо наметнување и фаќање чекор и место во повозрасните категории.

More from ВестиMore posts in Вести »